We’ve updated our Terms of Use to reflect our new entity name and address. You can review the changes here.
We’ve updated our Terms of Use. You can review the changes here.

Т​е​ш​к​и​о​т г​л​а​с на н​о​в​и​т​е х​и​м​н​и

by Goran Trajkoski

/
1.
Реа се раширила над мегалополисот Вие изброените пријдете да видите како смртта умира Бесни пци завиваат на царските буништа со шепи одриваат црно благородништво Вие зацарените пријдете да видите како смртта умира Бијат глуви камбани врескаат идолите ќе да ве ослободат на развратот робовите Вие издвоените пријдете да видите како смртта умира Пак и пак ви говорам вам, оддалечените. Пак и пак ве проѕивам вас, отчовечените. Вие возгордените пријдете да видите како смртта умира. Крстот коси по небо јата адски жерави јадој ќе ви посолат овие солзи последни. Вие ослепените, пријдете да видите како смртта умира.
2.
Глас О, трајте, трајте, тирани недни! Доста се тија лаги и злоба - пакосен глас од устите гадни над мојот народ у секоја доба. Та ете веќ векови цели писка и стенка од волци гости - за брата вијат кој да го дели за да му глода сувите коски. Па нека сега сам да си реши со своја волја судба и сева, в животот еднаш сам да се теши, д'издигне славно свој род без врева. Та Шар и Пирин дружно да викнат родната песна в небеса темни и бурниот Егеј - на век да плиска тешкиот глас на новите химни. (Глас од Македонија-Коле Неделковски)
3.
Зад темни очила бесмислата ја криев, к’о птица самотна врз урнат покрив спиев, а в срце вкотвени сал страст и самосожалување. На беззаконици бев станал архипастир, надмен к’о камбана на глувите бев гласник. Кип лажен соѕидав од кал и нечистотија. Не сите робови носат прангии како јас. Еј сестри-госпоѓи накитени до заби! Кој ли ни задира во нашите права-слободи, мои сострадалници по крвја,кич и револуција. Истоштете, ограбете во еуфорија, ред лаги-кеш, ред заблуди, се' на вересија. Кредитни јамки околу врат затегнете си! Не сите робови носат прангии како јас. Еј браќа-господа во пурпур божем родени! Ќе си размениме ли насмевки студени? Вреќите ни’ се полни, картите заверени, Гордиот Вавилон не’ љуби вака поделени. Од ова време на сеопшто отпадништво, на лажни чуда, бесови и празноверија низ вечноста со тресок срамотен ќе одекнат нашите ремек-дела, нашите беззаконија! Не сите робови носат прангии како јас.
4.
Комисија за песја егзекуција. Обвиненија напишани со лиги, со лиги и со лаги на песјата апокалипса Тапија на немоќта - или јавно молчење? Зошто никој во Европа не знае да крикне?! Сите сновиденија, актери, живи гробови кловнови, мачки, госпоѓи, пци и емигранти Тапија на немоќта - или јавно молчење. Тапија на немоќта - или јавно молчење? Зошто никој во Европа не знае да крикне?!
5.
Очи црни искoпајте да гледаат не давајте, раци машки прекршете, срце лудо наранете. Угаснете и светлини! Мрак да биде – каракамен. Има, има - в темнината нешто живо пак да свети: има болка на душата, има души наранети. Болка боли - болка гори, болка пече, душа мори. А болката кога свети - тешко, тешко, тешко клети! (од “Елегии за тебе“-Кочо Рацин)
6.
ЗА СИТЕ РАБОТИ ШТО ГИ ЗАЦРНИ ДАЛИ ДОБРОМИР ДАЛИ БОГОМИЛ ИЛИ БРАНИМИР НАТЕМА ГО... ЗА СИТЕ ЗБОРОВИ ШТО ОДЕКНАА К’О КАМБАНИ ЗА СИТЕ ВЕСЕЛБИ ШТО СТАНАА ПРОЦЕСИИ РАКОПЛЕСКАЈТЕ, ПА БАКНЕЖИ ДА ЅВОНАТ, НАСМЕВКИТЕ НИЗ ВРАТ ДА ВИ СЕ СРОНАТ ... ЗА ОНИЕ ШТО СИ ЈА РАСПОСЛАЛЕ ЏАНАМ СНАГАТА ПРЕД БАКАЛНИЦИТЕ НА ЕСТРАДАТА... ШТО ПЕТЛИ УТРИНСКИ ИМ ВИРЕАТ ОД УСТИТЕ СО ПЕЧАТ НА СРЦЕ, СО НИШАН ОД НАТЕМНИКОТ. РАКОПЛЕСКАЈТЕ, ПА БАКНЕЖИ ДА ЅВОНАТ, НАСМЕВКИТЕ НИЗ ВРАТ ДА ВИ СЕ СРОНАТ ... ЗА СИТЕ ОНИЕ ШТО СИ ЈА ПРОДАДОА СЕНКАТА ЗА МИРНА ДОЛИНА, ЗА ТРИЕСЕТ СРЕБРЕНИЦИ ЗА СИТЕ СОЈУЗИ СО ВАШИТЕ НЕНАВИДИМИ, ЗА СОСЛУЖЕНИЕ НА ЈУДИНОТО БДЕНИЕ РАКОПЛЕСКАЈТЕ, ПА БАКНЕЖИ ДА ЅВОНАТ, НАСМЕВКИТЕ НИЗ ВРАТ ДА ВИ СЕ СРОНАТ ...
7.
ЕДНАШ ТОГАШ НЕКАДЕ СЕГА НА ВЕК - СЕКАДЕ СВЕТ ВО ВИТЕЛ УЖАСЕН ПОРАЗЕН НЕОГЛАСЕН КОБНАТА ИЛУЗИЈА НА ПОРТИТЕ ЗАТРОПА А НОВИОТ ВАВИЛОН КАКО ПРАТ ЗАТРЕПЕРИ А ОД СИТЕ НАЈСЛАВЕН ПРИНЦ НА ВЕЧНИ ЕОНИ ДУХОВЕН ЗАТВОРЕНИК ЕЛСИНОР ГО НАПУШТИ ПОГЛЕДНИ, О ЧУДЕСА! ВОСКЛИКНА ЧОВЕШТВОТО НА ГЛАС СИТЕ ЈАЗИЦИ СЛАВАТ НОВО ПРОРОШТВО. ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ? СЕГА НЕ Е ПРАШАЊЕ! КОЛКУ ЛИ БЕЗНАДЕЖЕН БИ БИЛ ЧОВЕК САМ БЕЗ БОГ- НА СВЕТОВ УБАВИНА!
8.
некој ми го украде зборот од уста го изџвака, излигави и го плукна на улица а од исто грло веќе чуен глас повикува зад завеса конци мастерот повлекува некој ми го украде зборот од уста подло ми ја киднапира мојата револуција а на бела книга-црно писмо ставил потпис свој ти ќе бидеш слободен и мој! слобода! рика ѕверот за правда победа! вика лидерот без глава па протестира “филантропот“ додека педофилите се лигават за права и слободи. некој ми го украде зборот од уста го свитка во “фенси“ тоалетна хартија гледам како зинале балканските духовни гробишта болшевизмот се истопорил во Брисел среде улица некој ми го украде зборот од уста го шутна, го изгази па врз него се помоча еве Новиот Вавилон слави годишнина сатанизмот се ископилил под 300 лажни имиња слобода! рика ѕверот за правда победа! вика лидерот без глава ќе протестирал безбожникот додека содомистите се лигават и патот му го расчистат! слобода! рика ѕверот за правда победа! вика лузерот без глава ќе протестирал филантропот - убиец за да му бидеме слободни и негови!
9.
О, гордост, силиконска убавице, моја развратна учителке оној што не те познал не видел вистински маки што се. Те слушам како шепотиш, ја вабиш надвор мојава празнотија. Низ пустиве вијуги на главава сееш кралска суета. О, ти мајко гладна, мајко гадна, свињо в блато, ѕверу, голтачу на души! Небесните симфонии во оперски лакрдии ги претвори. - Грлото ти одронува зборови,грамоти,величија, А гласот твој мелодичен,воспева правда, ред, револуција. О гордост - гнасо, со тебе го извалкав она малку небо сино. Кај се гозбите што ни ги вети, каде е Едемското вино? Отсекогаш напнуваше да напишам песна, Да ти пеам алилуија. Се притеснував тогаш, но радосен сум сега. што сила тогаш немав. Ти реков збогум. Реков никогаш не сакам веќе да те видам. И ако случајно те сретнам ќе се преправам дека не те препознавам. О, Гордост ќерко вавилонска! Не ги сакам чедата твои! Благословен ќе биде оној кој ќе им ги разбие забите со камен. Отсекогаш си сакала да бидеш моја, да те ставам во вена. Се притеснував тогаш, но радосен сум сега што сила тогаш немав. О гнасо ти соблазителна, да пуста останала со децата твои! На денот кога тонев во мочуриштето, се веселевте и пеевте над бедите мои! О,красто и пофалбо демонска! Во срам ќе се прославиш со децата твои, на денот кога лазев по ѓубриштето, а вие се радувавте на страстите мои! О, гнидо и бедо Вавилонска! Од вода ќе липсаш со чедата твои. Во денот на твојата надменост, ќе ве потопат реките на очите мои.
10.
О време иконо, образ на животот, о време призраку, омјазу смртен. О време горчливо, време превртливо, ти време радосно зошто си тажно. Стрелките како сабји ме сечат секој клик, одекнува . Кон кобниот час повеста влече вон секоја логика, едвај забележлив мрак. Се ближи тој час па свеќи се палат глеј, самрак сред бел ден најавува моќ, ете иде часот и дошол тој веќе за мртвите да го чујат гласот на Синот Човечки. О, веку блуден умри ти сега! Умри во мене ти, за со тебе и јас да умрам сам под небеси. О време а во тебе е мојата невера, напластена глупост, срамотија без дно о, гадост световна! Ти лаго пеколна! Во секој мој здив програмирана смрт, чуј ме Небо ќе повикам! Од Тебе правда. О време невреме, умри ти во мене!

credits

released December 15, 2017

Сеад Хаџиќ - Сецко, гитара
Благоја Неделковски, гитара
Игор Василев - Новоградска, бас
Петар Христов, саксофон
Димитар Димовски, тапани
Горан Трајкоски, вокал,гитара, програмирање.

Снимено, миксувано и продуцирано во “Тра-ла-ла“ студио од Димитар Димовски и Горан Трајкоски


Благодарност до Климе Ковачески, Јован Наумоски, Љупчо Стевановски.

Издавач М.К.Ц
ЈУ МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР
кеј Димитар Влахов бр. 15 МК-1000 Скопје
тел.+389 2 3115225 факс0+389 2 3115508
www.mkc.mk
info@mkc.mk

license

all rights reserved

tags

If you like Goran Trajkoski, you may also like: